• понеделник, 23 декември 2024

Македонски Телеком доби награда за корпоративна филантропија

Македонски Телеком доби награда за корпоративна филантропија

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - „Македонски Телеком“ доби награда за својата посветеност во сферата на општествената одговорност за иницијативата „Заедно за интернет без омраза“. Наградата ја доделуваат Американската стопанска комора во Северна Македонија (AmCham) и „Конект“ во рамките на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.

- Горди сме на ова признание коешто ја потврдува нашата посветеност на еднакво и етичко дигитално општество. Како овозможувачи на дигиталниот свет, ние имаме обврска да бидеме дел од борбата против омразата на интернет, но и да ги поттикнеме и вклучиме младите, да им дадеме глас. Тоа е нашата стратегија и причината поради која ја почнавме оваа иницијатива заедно со нашите партнери УНИЦЕФ. Верувам дека допревме и инспиравме многу млади луѓе, изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Наградената иницијатива е дел од партнерството помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата „Телеком за Македонија“ чијашто цел е да ги вклучи децата и младите во справувањето со еден од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација – говорот на омраза на интернет. ир/ац/

Фото: Македонски Телеком

 

 

Остани поврзан