Македонски натпреварувачи во традиционално карате на семинар во Грција
- Македонските репрезентативци во традиционално карате од денес до 16 јуни учествуваат на летниот карате семинар и куп Неа Флогита 2023.

Неа Флогита, 13 јуни 2023 (МИА) - Македонските репрезентативци во традиционално карате од денес до 16 јуни учествуваат на летниот карате семинар и куп Неа Флогита 2023.
Овој настан е традиционален и се одржува веќе 10 години по ред на исто место.
Семинарот го водат: д-р Венцислав Недев, д-р Дејан Недев и д-р Аљоша Недев.
Последниот ден (в сабота) ќе се одржи полагање за појаси како и традиционален меѓународен карате куп “Неа Флогита 2023”.
На семинарот покрај македонски каратисти учествуваат и натпреварувачи од Грција, Србија, Бугарија и Романија. зс/