• петок, 22 ноември 2024

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен на аеродромот во Тирана

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен на аеродромот во Тирана

Тирана, 30 јануари 2024 (МИА) - Македонскиот државјанин В.Е.(32) од Струга е уапсен на меѓународниот аеродром во Тирана, врз основа на меѓународна потерница.

Уапсен бил пред летот за Базел, Швајцарија од аеродромската полиција, како резултат на размена на информации меѓу Интерпол Тирана и Интерпол Скопје.

- Се смета за водич на криминална нарко-група од Струга. При полициска акција на 24 ноември 2023 година на подрачјето на општина Струга од 22 лица кои биле дел од нарко групата, 19 се уапсени, а три лица, меѓу нив и В.Е. избегале. Тој пред полициската акција бил информиран и успеал да побегне,  наведува  abcnews.al.

Одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена,  со цел да биде екстрадиран во Северна Македонија, за што  правосудните органи во Албанија ќе го чекаат барањето од македонските власти. вт/цр


Фото: МВР Албанија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан