• недела, 22 декември 2024

Македонски борачи на силен меѓународен турнир во Бугарија

Македонски борачи на силен меѓународен турнир во Бугарија

 

Софија, 22 април 2024 (МИА) – Македонски борачи ќе настапат на традиционалниот меѓународен турнир „Петко Сираков – Иван Илиев“ за јуниори и девојки до 23 години кој од 26 до 28 април ќе се одржи во Софија, соопштија денеска организаторите.

Најавено е учество на 220 борачи од 22 земји, вклучувајќи ги Грузија, Грција, Унгарија, Иран, Израел, Италија, Казахстан, Молдавија, Норвешка, Панама, Полска, Романија, Србија, Словачка, Хрватска, Финска, Франција, Шведска, Турција, Украина и домаќинот Бугарија.

Турнирот ги носи имињата на Петко Сираков, олимписки вицешампион од Мелбурн 1956 година и светскиот првак во слободен стил од 1969 година, Иван Илиев. ег ФОТО: БФМ

Остани поврзан