• петок, 05 декември 2025

Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер

Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер

Златибор, 28 јули 2025 (МИА) - Македонскиот боксерски судија Стефан Цубалевски беше нападнат од страна на азербејџански тренер за време на финалето на Европско младинско првенство кое се одржа во Златибор, Србија.

Инцидентот (во видеото на 3:32.00) се случи вчера во финалето до 75 килограми во кое боксуваа Виктор Мајсторовиќ од Србија и Јусуф Агакишијев од Азербејџан. 

Тренерот на Агакишијев незадоволен од судењето, прво вербално го нападна Цубалевски, а потоа во втората рунда влезе во рингот и почна да го дави.

Мечот беше прекинат, Азербејџанецот д0би службен пораз, а Србинот го освои златото. зс/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан