• среда, 20 ноември 2024

Македонските фудбалери му посакаа брзо закрепнување на Ериксен

Македонските фудбалери му посакаа брзо закрепнување на Ериксен
Букурешт, 15 јуни 2021 (МИА) – Македонските фудбалски репрезентативци денеска преку капитенот Горан Пандев му посакаа брзо закрепнување на данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој во сабота колабираше на теренот за време на натпреварот од ЕУРО2020 против Финска. - Чао Кристијан. Поздрав од мое и од името на моите колеги. Ти посакуваме што поскоро закрепнување и те чекаме уште посилен на теренот. Сите сме со тебе, порача капитенот на македонската репрезентација Пандев во видеообраќањето до Ериксен. Данските лекари соопштија дека Ериксен за време на натпреварот против Финска доживеал срцев удар, додавајќи оти причината сè уште не е позната. Самиот Ериксен денеска се огласи од болницата во Копенхаген, објавувајќи своја фотографија со кренат палец. - Големо благодарам за вашите прекрасни и неверојатни поздрави и пораки од целиот свет. Тоа многу ни значи и мене, и на моето семејство. Добар сум, имајќи ги предвид околностите, порача 29-годишниот Ериксен на официјалниот Твитер профил на данската репрезентација. ег/фф/

Остани поврзан