• понеделник, 23 декември 2024

Македонските фудбалери до 18 години ќе имаат две контролни средби со турската репрезентација

Македонските фудбалери до 18 години ќе имаат две контролни средби со турската репрезентација
Скопје, 20 април 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревара против соодветната селекција на Турција. Двете контролни средби ќе бидат одиграни на попладне и в петок со почеток од 16 часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје, објави ФФМ. Селекторот Неџат Шабани се одлучи да ги повика следните фудбалери: голмани: Васко Василев, Наум Ангелов, Стефан Тасев одбрана: Борјан Попоски, Енис Буќи, Никола Павлески, Стефан Младеновски, Марио Ричков, Суфијан Чајани, Давид Љусев; среден ред: Идриз Османовиќ, Валдер Керимоски, Игор Јаневски, Марин Ѓорѓиевски, Матеј Ѓоргиев, Џезаир Авдули, Матеј Ангелов; напад: Артан Мемедов, Бесар Гуџуфи, Димитар Трајковски. зс/

Остани поврзан