• недела, 22 декември 2024

Македонските фудбалери вечерва против Англија ги продолжуваат евроквалификациите

Македонските фудбалери вечерва против Англија ги продолжуваат евроквалификациите

Манчестер, 19 јуни 2023 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер ѝ гостува на Англија во рамки на 4. коло од група Ц во квалификациите за пласман на ЕУРО2024.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски најавија дека ќе вложат максимум да ја продолжат традицијата и да останат непоразени и во третиот натпревар на гостински терен против Англија.

Во 2002 година, македонската репрезентација, предводена од тогашниот селектор Никола Илиевски, одигра 2-2 во Саутемптон, а четири години подоцна, под водство на Среќко Катанец, „црвено – жолтите“ ремизираа без голови во Манчестер.

По воведните два натпревари во тековниот квалификациски циклус, македонската репрезентација е четвртопласирана во групата Ц со три бодови, шест помалку од Англија на лидерското место. ег/дма/

Фoто: ФФМ

Остани поврзан