• четврток, 09 мај 2024

Македонските ракометни кадети денеска ги стартуваат евроквалификациите

Македонските ракометни кадети денеска ги стартуваат евроквалификациите

Скопје, 5 јануари 2024 (МИА) – Македонската машка кадетска репрезентација во ракомет денеска на домашен терен во Скопје го почнува настапот во квалификациите за пласман на Европското првенство за играчи до 18 години.

Македонските ракометари се дел од групата Б заедно со репрезентациите на Швајцарија, Словачка и Косово.

Во воведниот натпревар, попладнево со почеток во 15 часот во СС „Автокоманда“, избраниците на селекторот Наум Танески ќе играат Словачка, по што во истиот термин утре за противник ќе ја имаат Швајцарија, а квалификациите ќе ги заокружат в недела против Косово.

Пласман на Европското првенство чиј домаќин ќе биде Црна Гора, ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од петте квалификациски групи. ег/ар/
ФОТО: РФМ

Остани поврзан