Македонските ракометарки со пораз од Турција стартуваа на Медитеранските игри
- Македонската женска ракометна репрезентација загуби попладнево од Турција со 27:34 (16:19) во првиот натпревар на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран.

Оран, 30 јуни 2022 (МИА) – Македонската женска ракометна репрезентација загуби попладнево од Турција со 27:34 (16:19) во првиот натпревар на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран.
Најефикасна во македонските редови беше Јована Кипријановска со шест погодоци. Гол помалку постигна Ивана Џатевска, додека Теодора Дукоска и Борјана Коцева натпреварот го завршија со по четири голови.
Втор противник на македонските ракометарки на Медитеранските игри ќе биде Србија, а натпреварот е закажан за утре со почеток во 13:15 по македонско време. ег/аа/