• понеделник, 25 ноември 2024

Македонските ракометари со три порази ги завршија настапите на Европското првенство

Македонските ракометари со три порази ги завршија настапите на Европското првенство
Дебрецин, 17 јануари 2022 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација вечерва во Дебрецин загуби од фаворитот Данска со 21:31. За избраниците на селекторот Кирил Лазаров ова беше трет пораз на исто толку натпревари во А-групата од Европското првенство во Унгарија и Словачка. По добриот старт и водството од 4:0 (7. минута), македонските репрезентативци се потешко го наоѓаа патот до гостинскиот гол, а Данците ги преземаа работите во свои раце и на паузата заминаа со водство 15:11. Во вториот дел квалитетот на противникот дојде до израз и на крајот победата на Данска беше изразена со две цифри. Најефикасен во македонскиот состав вечерва беше Жарко Пешевски со шест голови. Данска како првопласирана со максимални три победи оди во следната фаза, исто како и второпласираната Црна Гора (две победи и еден пораз), Словенија е трета со една победа и два пораза, додека македонската селекција е последна без ниту еден освоен бод. зс/

Остани поврзан