• среда, 15 мај 2024

Македонските ракометари со триумф над Чешка го завршија настапот на кадетскиот Мундијал

Македонските ракометари со триумф над Чешка го завршија настапот на кадетскиот Мундијал

Копривница, 11 август 2023 (МИА) - Македонската машка кадетска репрезентација победнички го заокружи настапот на Светското првенство за играчи до 19 години кое се одржува во Хрватска, откако вечерва во дуелот за пласман на 9 .место ја совлада Чешка со 28-22.

Македонските ракометари од самиот почеток на дуелот во Копривница беа во водство и на полувреме заминаа со предност од 13-11.

Чесите во воведните минути од второто полувреме во неколку наврати го израмнуваа резултатот, но црвено - жолтите при резултат 17-17 влегоа во серија од 9-3 и рутински го приведоа натпреварот до самиот крај.

Мирче Калајџиески со 12 голови беше најефикасен во македонската репрезентација, која со деветтото место имаше забележителен настап на Мундијалот во Хрватска. ег/бак/

Фото: РФМ 

Остани поврзан