• петок, 02 јануари 2026

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Скопје, 2.јануари 2026 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација денеска ги продолжува подготовките за претстојното Европско првенство. Националниот тим во првата фаза тренираше во Скопје и Пореч, каде одигра и еден контролен дуел со Хрватска.

Во оваа фаза селекторот Кирил Лазаров ќе може да смета на сите повикани играчи, а тоа значи дека и голманот Мартин Томовски, кој брани во Бундес лигата треба да биде на подготовките, откако го прескокна првиот дел поради клупски обврски.

Репрезентацијата ќе тренира неколку денови во Скопје, а потоа ќе учествува на „Јелоу куп“ во Швајцарија каде ќе одигра три натпревари на турнирот, а противници ќе бидат: Швајцарија, Бахреин и Украина.  мн/

Фото: Фејсбук РФМ

Остани поврзан