• вторник, 30 април 2024

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Дизелдорф, 10 мај 2023 (МИА) – Во Меркур-Шпил Арена во Дизелдорф вечерва се одржа жрепката за составот на групите за Европското првенство за ракометари 2024 во Германија на кое ќе настапи и македонската репрезентација.

Македонските ракометари ќе играат во групата А заедно со Франција, домаќинот Германија и Швајцарија.

Сите три натпревари од групната фаза македонските ракометари ќе ги играат во Берлин.

На ЕУРО2024 ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи.

Двете најдобро пласирани репрезентации во секоја група ќе се пласираат во вториот круг кој ќе се игра во Хамбург и Келн.

ЕУРО2024 ќе се одржи од 10 до 28 јануари 2024 идната година во шест германски градови.

Состав на групите:

Група А – Франција, Германија, Македонија, Швајцарија

Група Б – Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија

Група Ц – Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора

Група Д – Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови

Група Е – Шведска, Холандија, БиХ, Грузија

Група Ф – Данска, Португалија, Чешка, Грција. ег/лв/

ФОТО: РФМ/Фејсбук

Остани поврзан