Македонските пингпонгари ќе соработуваат со претставници од Кина развој на овој спорт
- Претседателот на Пингпонгарска Федерација на Македонија Славко Пројкоски и членот на Управниот одбор Горан Тиловски имаа работна средба со Н. Е. госпоѓа Џијанг Сјаојан, Амбасадорка на Народна Република Кина во нашата земја
Скопје, 4.ноември 2025 (МИА) – Претседателот на Пингпонгарска Федерација на Македонија Славко Пројкоски и членот на Управниот одбор Горан Тиловски имаа работна средба со Н. Е. госпоѓа Џијанг Сјаојан, Амбасадорка на Народна Република Кина во нашата земја.
На оваа средба беше потврдена соработка, размена на знаење, развој на пинг понгот. Работната средба опфати разговори за зајакнување на соработката помеѓу двете држави на полето на пинг понгот со посебен фокус на: заеднички проекти,
програми за млади таленти и размена на експертиза за тренери
Се разговараше и за изнаоѓање можности за учество на пингпонгари и тренери во форма на студиски посети на Кина.
Соработката ќе продолжи за поголем развој на пинг понгот во Македонија.
Фото: Пинг понг федерација на Македонија