• недела, 22 декември 2024

Македонските одбојкари отпатуваа за Финска на второ учество на Европските првенства

Македонските одбојкари отпатуваа за Финска на второ учество на Европските првенства
Скопје, 28 август 2021 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација попладнево замина за финскиот град Тампере каде идната недела го почнува својот втор настап на Европските првенства. Европско првенство, 32. по ред, ќе се одржи од 1 до 19 септември во Финска, Естонија, Полска и Чешка. Својот премиерен настап, македонските одбојкари ќе го имаат на отворањето на континеталниот собир, на 1 септември во Тампере со почеток од 19 часот против кодомаќинот Финска. Во второто коло, македонските одбојкари ќе играат против Холандија (3 септември, 20 часот), во третото против Турција (5 септември, 14 часот), додека противник во четвртото коло ќе им биде репрезентацијата на Шпанија (6 септември, 17 часот). Натпреварите од групната фаза македонската репрезентација ќе ги комплетира на 8 септември против Русија со почеток од 17 часот. ег/бак/

Остани поврзан