• петок, 10 мај 2024

Македонските одбојкари го совладаа Кипар на стартот на Европската сребрена лига

Македонските одбојкари го совладаа Кипар на стартот на Европската сребрена лига
Струмица, 21 мај 2021 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација со максимални 3:0 во сетови го совлада Кипар вечерва во Струмица во премиерниот натпревар од групната фаза во овогодишното издание на Европската сребрена лига. Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ја оправдаа фаворитската улога и ги решија во своја корист трите сета со идентични 25:21 Во вториот натпревар во рамки на групата А, претходно денеска, Данска во неизвесен натпревар триумфираше над Израел со 3:2. Во второто коло, што е на програмата утре, македонските одбојкари играат против израелската репрезентација, со почетокот од 20 часот, додека претходно во салата „Парк“ во Струмица се среќаваат Данска и Кипар. ег/оџ  

Остани поврзан