• среда, 08 мај 2024

Македонските одбојкари во група со Холандија и Полска во квалификациите за ЕП 2023

Македонските одбојкари во група со Холандија и Полска во квалификациите за ЕП 2023

Неапол, 16 ноември 2022 (МИА) – Составот на групите за Европското првенство на кое македонската одбојкарска репрезентација ќе биде кодомаќин заедно со Италија, Бугарија и Израел, е одреден вечерва со жрепка во Неапол.

Македонските одбојкарите ќе бидат дел од групата Ц во рамки на која во Скопје ќе играат против Полска, Холандија, Црна Гора, Чешка и Данска.

Италија на домашен терен ќе биде дел од групата А заедно со Швајцарија, Србија, Германија, Белгија и Естонија.

Кодомаќинот Бугарија ќе игра во групата Б заедно со Финска, Словенија, Украина, Хрватска и Шпанија, додека групата Д во Израел ја сочинуваат и Романија, Франција, Турција, Португалија и Грција. ег/

Остани поврзан