• недела, 22 декември 2024

Македонските кошаркарски поуспешни од Норвешка за прва победа на ЕП

Македонските кошаркарски поуспешни од Норвешка за прва победа на ЕП

Матосињос, 25 јули 2023 (МИА) – Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација ја забележа премиерната победа на Европското првенство до 18 години во Б дивизијата, откако вечерва во португалскиот град Матосињос ја совлада Норвешка со 100-80 (46-43) во рамки на третото коло во Групата А.

До премиерната победа, по стартните порази од Велика Британија и Австрија, „црвено – жолтите“ ги предводеше Никола Јаничиќ со 24 поени.

Македонската репрезентација е третопласирана во групата зад Австрија и Велика Британија, а пред Исланд против кој утре го игра завршниот натпревар во првата фаза на ЕП во Португалија.

Двете првопласирани репрезентации од групата продолжуваат во четвртфиналето, а трето и четвртопласираната селекција ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место. ег/вг/

Фото: КФСМ

Остани поврзан