Македонските кајакари денес ќе настапат СП во Шпанија
- Македонските кајакари денес ќе имаат настап на Светското првенство во Саберо, Шпанија.

Саберо, 14 август 2024 (МИА) – Македонските кајакари денес ќе имаат настап на Светското првенство во Саберо, Шпанија.
Членот на Арка Борец од Велес, Љубомир Спасиќ информира за редоследот на натпреварите на Македонците на овој Мундијал.
- За нас како најзначајна ќе биде дисциплината К1 мажи каде што прв ќе настапи Кристијан Лазаров во 11:12 часо. Веднаш по него втор натпреварувач кој ќе земе учество е Благој Гугинов во 11:14 часот, како трет наш претставник е Александар Златаров кој стартува во 11:15 часот и како последен сум јас со стартно време 11:21 часот, информира Спасиќ.
Вчера беше свечено отворање на Светското првенство. ад/зс/