• петок, 22 ноември 2024

Македонските боксери ги добија противниците за олимписките квалификации

Македонските боксери ги добија противниците за олимписките квалификации
Лондон, 14 март 2020 (МИА) – Македонските репрезентативци во бокс ги добија противниците во квалификациите за ЛОИ во Токио,. Прв на рингот во Лондон ќе излезе Јасин Љама кој за противник го доби Александрос Цаникидис од Грција. Во категоријата на Љама, 63 килограми има вкупно 28 боксери, неговата борба со Цаникидис е на програмата утре. Гоце Јанески во категоријата до 75 килограми за противник го доби Етерна Квадрадо од Шпанија. Јанески на рингот излегува задутре (16 март). Во категоријата на Јанески има пријавено вкупно 34 боксери. Квалификацискиот турнир во Лондон е прв од двата предвидени за обезбедување Олимписка норма за игрите во Токио 2020 година. зс/

Остани поврзан