Македонскиот уметник Златко Kрстевски со специјална награда од Фестивал во Призрен, Косово
- Македонскиот уметник и стрип мајстор Златко Крстевски е добитник на специјална награда на годинашниов Фестивал на стрип и уметничка карикатура во Призрен, Косово, кој се одржува од 10 до 16 октомври. Годинашната тема на Фестивалот е „Вештачката интелигенција“.

Прилеп, 11 октомври 2023 (МИА) - Македонскиот уметник и стрип мајстор Златко Крстевски е добитник на специјална награда на годинашниов Фестивал на стрип и уметничка карикатура во Призрен, Косово, кој се одржува од 10 до 16 октомври. Годинашната тема на Фестивалот е „Вештачката интелигенција“.
Фестивалот е со меѓународно жири и учествуваат познати уметници од 60 земји, меѓу кои од Аргентина, Русија, Бразил, Турција, од Хрватска и од Србија.
Делата од Фестивалот ќе бидат изложени во уметничката галерија „Пикасо“ во Призрен. Куратор на поставката е Гани Сундури, а организатори се косовската организација за стрип и карикатура „Џенет комикс“ од Призрен и Јуниз Имре од Турскиот културен центар.
Напоредно, македонскиот уметник Крстевски изложува оригинално дело на познатото 13-то Биенале на познати мајстори на карикатурата во етнографскиот музеј во Пловдив, Бугарија кое се одржува од 2 до 31 октомври. ем/ев/
ФОТО: Златко Крстевски