• петок, 22 ноември 2024

Македонскиот првак во футсал доби украински противник во 1/16 финалето во Лигата на шампиони

Македонскиот првак во футсал доби украински противник во 1/16 финалето во Лигата на шампиони
Нион, 9 декември 2020 (МИА) – Македонскиот шампион во футсал Шкупи ќе игра против украински Продексим Херсон во шеснаесетфиналето во лигата на шампиони, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Според пропозициите, победникот ќе биде одлучен во еден натпревар, кој жрепката одлучи да се игра на теренот на украинскиот првак во термин меѓу 12 и 17 јануари следната година. Екипата на Шкупи во прелиминарната рунда во елитното клупско натпреварување го совлада шампионот на Ирска, Блу Меџик Даблин, со 2-0 во Скопје. ег/рп/

Остани поврзан