• недела, 12 мај 2024

Македонскиот пингпонгар Јакимовски учествуваше на Стар контендерот во Подгорица

Македонскиот пингпонгар Јакимовски учествуваше на Стар контендерот во Подгорица

Скопје, 17 април 2023 (МИА) - Со поддршка на Црногорската пинг-понг федерација, Пингпонгарската федерација на Македонија овозможи учество на најдобриот млад играч до 15 година, Александар Јакимовски член ка клубот ППК Крива Паланка, на Стар контендерот во Подгорица.

- За жал конкуренцијата беше многу јака за нашиот играч и тој не успеа да се пласира на главната табела. Се надеваме дека настапите на Александар на овој силен турнир ќе му помогнат во понатамошниот развој и постигнување уште подобри резултати, соопшти ППФМ.

Јакимовски на овој турнир настапуваше со најдобрите млади играчи од светската ранг листа. зс/

Остани поврзан