Македонската репрезентација со пораз дебитира на ЕП
- Македонската фудбалска репрезентација загуби од Австрија со 3:1 во својот прв настап на Европското првенство.

Букурешт, 13 јуни 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација загуби од Австрија со 3:1 во својот прв настап на Европското првенство.
Австријците поведоа преку Штефан Лајнер во 18. минута, капитенот Горан Пандев изедначи десет минути подоцна. Во второ полувреме резервистите Михаел Грегорич и Марко Арнаутовиќ погодија за победа на нивната репрезентација.
На стадионот во Букурешт присуствуваа околу 4.000 македонски навивачи кои им дава голема поддршка на „црвено-жолтите“.
Вториот натпревар од 1. коло во Ц-групата се игра вечерва (21 часот) во Амстердам каде Холандија ја пречекува Украина.
Следниот дуел на македонскиот национален тим е на 17 јуни, исто така во Букурешт против Украина. зс/

