• четврток, 26 март 2026

Македонската репрезентација со пад од една позиција на најновото рангирање на ФИБА

Македонската репрезентација со пад од една позиција на најновото рангирање на ФИБА

Скопје, 22 септември 2025 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација бележи пад од едно место на ФИБА ранг-листата на национални селекции во европската зона. Сега нашата репрезентација е на 59. место со 198.6 бодови. Во Европа „црвено-жолтите“ се на 29. позиција.

Од нашите противници во групата за претквалификациите за Евробаскетот 2029, репрезентацијата на Ирска е на 37. позиција во европски, односно на 82. место во светски рамки, и има вкупно 118.1. бода, Луксембург бележи пад од две позиции, и сега е на 39. позиција во Европа, односно на 88. во светот со 109.0 бодови, додека пак Азербејџан, иако напредуваше за три места, сега е на 107. место во светскиот рејтинг, односно на позицијата број 44 во оној европскиот со 75.9 бода.

Лидер во светскиот поредок останува САД кој има 845.8 бодови, на втората позиција сега е Германија, новиот европски првак има 765.9 бода додека Србија „падна“ за една позиција, со 761.8 поени. Во светскиот ТОП 5 се уште и репрезентациите на Франција и Канада. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан