Македонската карате федерација ги избра најдобрите за 2020 година
- Карате федерацијата на Македонија (КФМ) вечерва во Скопје ги прогласи најуспешните натпреварувачи, тренери и клубови за 2020 година. Признанијата за најдобри во изминатата година во машка и

Скопје, 6 февруари 2021 (МИА) – Карате федерацијата на Македонија (КФМ) вечерва во Скопје ги прогласи најуспешните натпреварувачи, тренери и клубови за 2020 година.
Признанијата за најдобри во изминатата година во машка и женска сениорска конкуренција во кумите им припаднаа на освојувачот на златниот медал на Премиер лигата во Салцбург, Емил Павлов и на Вероника Костовска.
За најдобри натпреварувачи во сениорска конкуренција во кати се прогласени Ферри Исиќ во машка и Пулексенија Јованоска во женска конкуренција.
Бошко Заборски ги доби признанијата за најдобар тренер во сениорска и јуниорска конкуренција, додека карате клубот „Макпетрол“ од Скопје ги освои екипните награди во двете возрасни категории.
Признанија на свеченоста во салата „Борис Трајковски“ во Скопје вечерва им беа врачени и на најдобрите во ката и кумите во сениорска конкуренција до 21 година, како и на најуспешните во јуниорска и кадетска конкуренција. ег/бак/