• недела, 15 јуни 2025

Македонија ЃП и Арсими нови прволигаши, Башкими во баражот за влез во ПМФЛ

Македонија ЃП и Арсими нови прволигаши, Башкими во баражот за влез во ПМФЛ

 

Скопје, 18 мај 2025 (МИА) – Фудбалерите на Арсими испишаа денеска историја обезбедувајќи дебитантски настап во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во која експресно се враќа и шампионот во второлигашката конкуренција Македонија Ѓорче Петров, додека Башкими ќе игра во бараж.

Македонија ЃП, која во претходното коло обезбеди враќање во ПМФЛ, денеска во завршното коло во Втората македонска лига одигра без голови против Беласица, додека Арсими заврши второпласиран со убедлив триумф од 4-0 против Вардар Неготино.

Во дуелот на директните конкуренти, Башкими триумфираше во Штип против Брегалница со 1-0 и како третопласиран во второлигашката конкуренција ќе игра бараж проитв Беса за место во ПМФЛ. ег

ФОТО: ФК Арсими/Фејсбук

Остани поврзан