Македонија - Полска 21:23, фаворитот на Светско ракометно првенство
- Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе чека нова прилика за пласман на светско првенство затоа што неуспеа во двомечот со Полска.

Битола, 12 април 2025 (МИА) - Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе чека нова прилика за пласман на светско првенство затоа што неуспеа во двомечот со Полска.
Фаворитот во баражот вечерва победи и во Битола со 23:21 и во ниту еден момент не го доведе во прашање учеството на ракометниот мундијал во Холандија и Германија.
Македонските ракометарки носени на крилјата на бројната публика во полната сала ,,Боро Чурлевски" во текот на целиот натпревар играа добро во одбраната и лошо и неефикасно во нападот. На семафорот најчесто имаше израмнет резултат, а само еднаш водство од 8:7, додека во останатиот дел од дуелот гостинките искусно одржуваа блага предност и на крајот победија со 23:21.
Најефикасна на средбата беше ракометарката од Полска, Балсам која постигна 7 голови, додека во македонската селекција со 5 голови се истакна Дамјановска.
Приходот од продадените влезници ќе биде дониран за настраданите семејства во Кочани. мт
Фото: МИА