• петок, 05 декември 2025

Македонија го освои 17. место на Евробаскет У-20 дивизија Б

Македонија го освои 17. место на Евробаскет У-20  дивизија Б

Ереван, 20 јули 2025 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години го освои 17. место на Европското првенство Б-дивизија што се игра во Ереван, Ерменија.

Македонија денес ја победи Словачка со 65:64 во последниот свој меч на шампионатот. 

Најзаслужен за победата на Македонија е Лукановски со дабл-дабл ефект од 19. поени и 19. скока.

„Црвено-жолтите“ во седум одиграни натпревари остварија четири победи. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан