• сабота, 23 ноември 2024

Македонец од Прага претстави иновативна апликација - Тргување на берза преку фудбалски тимови

Македонец од Прага претстави иновативна апликација - Тргување на берза преку фудбалски тимови

Скопје, 26 август 2023 (МИА) - Љубителите на спортот отсега имаат можност да го почувствуваат искуството на тргување со акции, преку нова гејмифицирана спортска берза на www.sportxmarket.com.  Оваа платформа има за цел да им овозможи на корисниците бесплатно да тргуваат со акции на фудбалски тимови базирани на реални спортски резултати, нудејќи комбинација од возбуда, стратегија и конкуренција меѓу фановите. 

Овој иновативните стартап за оваа година е дело на македонецот Сашо Беловски, кој неговата уникатна идеја до сите спортски фанови и вљубеници во спортот, неодамна ја лансираше од Прага, Чешка каде што живее и работи во сферата на спортот. 

Платформата функционира како виртуелна берза каде што учесниците можат да тргуваат, купуваат и продаваат акции на фудбалски тимови за да редовно бидат наградени за нивното спортско знаење и стратешко одлучување. Во својата деби сезона, претставен е моделот free-to-play, сличен на популарните fantasy football лиги. Секој корисник располага со виртуелна валута од 200 евра за да врши трговија и инвестиции. Корисникот треба да го избере тимот од кој сака да купи акции и потоа да го чека резултатот од натпреварот кој тој тим го игра наредното коло. 

Иако корисниците не тргуваат со реални пари, тие ја искусуваат забавата од управување со портфолио на акции на фудбалски тимови и можноста за освојување награди како ајфон телефон, плејстешн и друго. 

Тајната на идејата се крие во уникатниот алгоритам измислен од самиот Беловски, внимателно создаден да ја одразува динамиката на спортските успеси на тимот. Виртуелните вредности на акциите растат и паѓаат во зависност од реалните постигнувања на фудбалскиот тим на теренот. 

Овој модел им овозможува на фановите да ги следат нивните инвестиции во реално време и да се справуваат со флуктуациите на пазарот после секој натпревар. 

Sport Exchange Market е револуционерна стартап компанија што ги спојува спортските фанови со динамиката на берзата, нудејќи уникатно гејмифицирано искуство. Сместена во Прага, Чешка Република, платформата овозможува на корисниците да тргуваат со акции на фудбалски тимови од петте најголеми европски фудбалски лиги, спојувајќи стратегија и забава на иновативен начин. Повеќе информации на www.sportxmarket.com.свс/лв/

Остани поврзан