• четврток, 26 март 2026

Макаби нема да има свои навивачи на гостувањето кај Астон вила

Макаби нема да има свои навивачи на гостувањето кај Астон вила

Тел Авив, 21 октомври 2025 (МИА) - Навивачите на Макаби Тел Авив нема да можат да купат билети за гостинскиот натпревар против Астон вила во Лигата на Европа, објави израелскиот клуб.

Одлуката е донесена без оглед на тоа дали ќе се укине забраната за навивачите наметната од Групата за безбедност на Бирмингем (SAG).

- Благосостојбата и безбедноста на нашите навивачи се од најголема важност и врз основа на тешките научени лекции, донесовме одлука да се откажеме од продажбата на билети за гостинскиот натпревар и нашата одлука треба да се разбере во овој контекст, соопшти Макаби.

Натпреварот ќе се одржи на 6 ноември во Бирмингем.

Во ноември 2024 година, израелските навивачи беа нападнати по натпреварот од Лигата на Европа против Ајакс во Амстердам. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан