• петок, 05 декември 2025

Маж со автомобил удри во група луѓе во Пасау, Германија

Маж со автомобил удри во група луѓе во Пасау, Германија

Берлин, 7 јуни 2025 (МИА) - Маж се заби со автомобил во група луѓе во јужниот германски град Пасау, јави ДПА. Полицијата не ја исклучува можноста за намерен напад.

Засега не е познато колку лица се повредени, ниту каква е тежината на нивните повреди.

Градот Пасау се наоѓа на границата меѓу Германија и Австрија, околу 150 километри источно од Минхен. ссм/

фото: архива

Остани поврзан