• четврток, 16 мај 2024

Оружен напад во Сисак - едно лице е убиено, а неколкумина ранети

Оружен напад во Сисак - едно лице е убиено, а неколкумина ранети

Сисак, 1 јули 2023 (МИА) - Вооружен напаѓач  во хрватскиот град Сисак вечерва пукал од калашњиков врз група луѓе, при што едно лице е убиено, а неколкумина се ранети. Напаѓачот е во бегство.

Хрватската полиција соопшти дека пукањето се случило во близина на рафинеријата во Сисак. Засега нема информации зошто напаѓачот пукал врз луѓето.

Полицијата е на терен, а тој дел од градот е блокиран. Во тек е потера по напаѓачот. 

Медиумите во Хрватска известуваат дека во индустрискиот дел на Сисак се испратени и пожарникари бидејќи имало пожари во неколку станбени објекти.мс/са/

Фото: Индекс хр

Остани поврзан