• среда, 17 јули 2024

Маж во Атина со нож повреди случајни минувачи

Маж во Атина со нож повреди случајни минувачи
Атина, 7 јули 2021 (МИА) – Четворица случајни минувачи, рано утрово беа повредени во атинска населба, кога 54-годишен маж ги нападнал со нож, а кусо подоцна беше уапсен, јави дописничката на МИА од Атина. Од засега непознати причини, мажот, со нож излегол на улица и почнал да ги напаѓа случајните минувачи, по што се затворил во неговиот дом, каде што и беше уапсен од полицијата. Од грчката полиција соопштија дека 54-годишниот побегнал од психијатриска болница и е веќе уапсен. Според грчките медиуми, состојбата на повредените не е сериозна. ср/

Остани поврзан