• понеделник, 23 декември 2024

Маж влетал со секира во даночна служба во грчкиот град Козани и повредил три лица

Маж влетал со секира во даночна служба во грчкиот град Козани и повредил три лица
Атина, 16 јули 2020 (МИА) - Од засега непознати причини, во даночната служба во грчкиот град Козани, влетал маж и со секира им нанел повреди на тројца службеници, додека пак една жена се повредила во обид да избега, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничата на МИА од Атина. Според истите информации, мажот на возраст од околу 45 години влегол регуларно, оставајќи ги неговите податоци, се качил на вториот кат, каде што ја извадил секирата што ја носел во ќеса и започнал да ги напаѓа службениците. Полицијата го уапсила сторителот, а хоспитализиран се четири лица, тројца повредени во нападот, од кои еден е во сериозна состојба и една жена која паднала по скали во обид да избега. ср/ссм/

Остани поврзан