• недела, 22 декември 2024

Мадуро побара од Врховниот суд да го потврди резултатот од изборите, што опозицијата го оспорува

Мадуро побара од Врховниот суд да го потврди резултатот од изборите, што опозицијата го оспорува

Каракас, 1 август 2024 (МИА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро синоќа изјави дека побарал од Врховниот суд да ги потврди резултатите од претседателските избори на кои тој тврди дека победил, а кои опозицијата ги оспорува, а имало и барања од ширум светот за да објават деталните резултати од гласањето.

Американските медиуми пренесуваат дека Мадуро им изјавил на новинарите дека владејачката партија е подготвена да ги објави точните резултати од гласањето, што досега не го направила иако изборите се одржаа викендов.

Француските медиуми ги пренесуваат тврдењата на лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо дека во протестите поради спорната победа на Мадуро загинале 16 лица.

Мачадо ја осуди „суровата и репресивна ескалација“ на која прибегна владата на Мадуро во Венецуела.

„Го предупредувам светот на суровата и репресивна ескалација на режимот, кој до денес произведе повеќе од 177 произволни притворања, 11 присилни исчезнувања и најмалку 16 убиства во последните 48 часа“, напиша Мачадо на социјалната мрежа X.

Според неа, „ова е криминален одговор на Мадуро кон венецуелскиот народ кој излезе на улица како семејство, како заедница, за да ја брани својата суверена одлука да биде слободен“.

„Овие злосторства нема да останат неказнети“, додаде таа.

Мадуро тврди дека победил на изборите, иако неговиот главен противкандидат Едуардо Гонзалес, како и Марија Корина Макардо, го тврдат спротивното - дека Гонзалес освоил две третини од гласовите, пренесуваат американските медиуми.

Опозициските лидери велат дека објавувањето на тие податоци ќе покаже дека Мадуро ги загубил изборите.

Расте притисокот врз Мадуро, иако врховниот командант на армијата му изрази лојалност и рече дека јавниот ред и мир ќе се зачуваат „со сила“.

Националниот изборен совет, лојален на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела на Мадуро, допрва треба да издаде никакви печатени резултати од избирачките места, што секогаш го правеше порано.

Блискиот сојузник на Мадуро, колумбискиот претседател Густаво Петро, им се придружи на другите странски лидери во повикот до венецуелските власти да ги објават деталните резултати од гласањето. Тоа претходно го направија и американскиот претседател Џо Бајден, како и другиот сојузник на Мадуро, бразилскиот претседател Луис Ињацио Лула да Силва.

Мачадо вели дека гласовите што ги добила опозицијата покажуваат дека Гонзалес освоил околу 6,2 милиони гласови, наспроти 2,7 на Мадуро.

Тоа е драматична разлика од извештајот на изборната комисија лојална на Мадуро, според кој Мадуро освоил 5,1 милиони гласови, а Гонзалес 4,4 милиони.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан