Магомедов: Четири причини зошто Русија ја нападна Украина
- Отворената поддршка и промоција на неонацистичката идеологија, брзата милитаризација на Украина, постојаните повици за анексија на руски територии и растечката закана за нашата национална без
Москва, 3 ноември 2022 (МИА) – Блискиот соработник на рускиот претседател Владимир Путин, заменик- шефот на неговата администрација, Магомедесалам Магомедов, денеска наведе четири причини како обид за оправдување на руската агресија врз Украина.
Токму поради овие четири причини, тврди Магомедов, рускиот претседател немал друга опција освен да ја почне војната во Украина.
-Отворената поддршка и промоција на неонацистичката идеологија, брзата милитаризација на Украина, постојаните повици за анексија на руски територии и растечката закана за нашата национална безбедност и стабилност не му оставија друг избор на претседателот Путин да почне „специјална воена операција“, изјави денеска Магомедов, пренесува руски Тасс.
„Ова не беше лесна одлука, но беше крајно неопходно, пред се заради иднината на нашата земја, децата и внуците“, појасни тој, додавајќи дека „оваа одлука е поддржана од мнозинството од рускиот народ“. сд/