• петок, 22 ноември 2024

Магнусен ќе загуби пет позиции на почетокот на Големата награда на Мексико

Магнусен ќе загуби пет позиции на почетокот на Големата награда на Мексико
Мексико Сити, 29 октомври 2022 (МИА) – Возачот на Хас, Кевин Магнусен по дефект на моторот за време на првиот тренинг на неговиот болид управуван од Пјетро Фитипалди ќе добие казна на стартот на трката за Големата награда на Мексико Сити. ФИА потврди дека Магнусен ќе биде симнат пет позиции на почетокот на трката. Моторот на болидот на Магнусен откажа на првиот тренинг, кога зад воланот беше резервниот возач на тимот. Тимот беше принуден да инсталира нов мотор. Вечер од 22 часот почнуваат квалификациите, а главната трка е закажана за утре со почеток во 21 часот. зс/

Остани поврзан