• сабота, 27 јули 2024

Магла на планинскиот превој Плетвар

Магла на планинскиот превој Плетвар
Скопје, 13 јануари 2021 (МИА) - Поради појава на густа магла видливоста е намалена од 10 до 20 метри на планинскиот превој Плетвар. Слаб снег провејува на Попова Шапка. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Од ЈП „Македонија пат“ потсетуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци и апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.фф/дма/

Тагови

Остани поврзан