• петок, 22 ноември 2024

Магичните предели, култура, историја и гастрономија од Битола преку Преспа до Корча

Магичните предели, култура, историја и гастрономија од Битола преку Преспа до Корча
Скопје, 5 септември 2021 (МИА) – Модерниот начин на живот во урбани средини со интензивно темпо и зависноста од дигиталните уреди кои се наше секојдневие на работното место, но и во домот, се реалност која ја прави потребата за поврзување со природата императив. Потврда е растот на руралниот туризам во земјава, кој е се попривлeчен за странските, но и за домашните туристи и кој е на добар пат да биде сериозна алтернатива на класичната туристичка сезонска понуда. Некои велат токму ковид-пандемијата ни ги рашири хоризонтите и не натера да побараме задоволство во патувањето на село, да се навратиме кон старите традиционални начини на подготовка на храната, да ги реоткриеме и повторно да ги осознаеме убавините на нашите планини, на добро познатите културно-историски места кои ги носиме во нашиот генетски код. Еве само дел од дестинациите кои повикуваат во областа на Пелагонија и поширокиот регион на Преспа и мала Преспа во соседна Албанија. Дихово - локален гастрономски бренд со светски глас Селото Дихово во општина Битола е модел успешна приказна за рурален туризам, која низ времето се надоградува, а убавите вести патуваат далеку. Вгнездено во подножјето на планината Баба во националниот парк Пелистер, на 830 метри надморска височина и на шест километри од центарот на Битола. Петар Цветковски поранешен фудбалер, родум од Дихово е креаторот на сега брендот Вила Дихово. Во 2018 г се најде во Топ 5 најдобри дестинаци за храна во земјава на угледниот свтески познат сајт за туризам, Lonely Planet. Jа носат и етикетата на „Slow food гостолници“ како знак за места каде служат храна и пијалоци со докажан квалитет, вредност и верност кон традицијата и иднината. Покрај реновираната куќа изградена во стар македонски стил од камен и дрво, има изградено и нов дел кој има капацитет за 18 лица. Во разговор за МИА, Пеце како што го викаат пријателите, открива дека пред пандемијата во просек имале и по над 1 000 ноќевања годишно. Гости им доаѓаат од сите страни на светот, а годинава кај нив престојувале туристи од Еквадор, Бразил, Панама, па се до Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд,.. -За Дихово се информираат од Лонли Планет, на Букинг каде веќе 14 години котираме со оценка над 9, а ќе одиме и над таа бројка. Гостите доаѓаат на ден-два и повеќе денови, но и групи на повеќедневен престој, на тим билдинг, вели Пеце кој заедно со семејството веќе 15 години со љубов и посветеност работи во дејноста на руралниот туризам. Храната се приготвува по принципот на Слоу фуд - домашно, локално, традиционално. Се служат традиционалните македонски јадења: тавче гравче, мусака, полнета пиперка, домашен колбас, сарма од лозов лист, зимска сарма, салати, зеленчукови супи се домашно произведено и од локално производство. [caption id="attachment_1598126" align="alignnone" width="750"]Дихово Дихово[/caption] Како дел од групата новинари и блогери кои имаа можност први да ги искусат новите туристички пакети во рамки на Смарт-кул-тур проектот, домаќините ни приредија појадок со пита, сирење, кисело млеко, мекици, сок од лубеница...Се вкусно и природно, а слаткото од диња и јаболка „ни се залепи за срце“. Од својата визба Петар нуди и домашно вино без сулфати и конзерванси произведено за сопствени потреби од лозјето на 1000 метри надморска височина, наследство од дедото. Полжавите и циронките од Арвати, питата на баба Трајанка Во разгледувањето на Преспанскиот регион каде природата е раскошна, а пејсажот буди восхит, наминавме во селото Арвати каде локалните жители ни приредија богат ручек по стари домашни испорбани рецепти. На трпезата тавче гравче, селско месо, но и полжави и циронки – преспански специјалитет од ситна сушена белвица. За циронките се вели дека не си бил во Преспа ако не си пробал од овој специјалитет. [caption id="attachment_1598128" align="aligncenter" width="560"]Арвати Арвати[/caption] Во Љубојно пак од прва рака непосредно учевме за мајсторството за месење пита. Баба Трајанка 80-годишна мештанка вели од 16-17 години ја научила и ја практикува оваа вештина. Уште еднаш за буковската пипер Посетата на Битолско не може да помине без обиколка на Буково, местото познато по подготовка на буковската пипер,  Го посетивме семејството на Даниела Мандровска во кое традиционално од генерација на генерација веќе сто години се пренесува вештината на производство, сушење и обработка на овој пипер од старо буковско семе. Даниела е веќе осум години дел од иницијативата Слоуфуд и секоја година учествува на саемот на традиционални производи во Италија. [caption id="attachment_1598131" align="alignnone" width="750"]Буково Буково[/caption] Годишно произведуваат 150-200 килограми од буковската пипер, мелена и толчена, која ја продаваат по нарачка. За неа има голем интерес на саемите, праќаат и карго за нашите иселеници. Популарна е и кај туристите, кои се дел од организираните тури во регионот. Посетата заврши со дегустација на буковската пипер послужена на домашно лепче посипано со мелено нане и масло. Кој не пробал не знае која е разликата во вкусот на буковската пипер, вели домаќинката Даниела која заедно со сопругот и подмладокот двете ќерки, се посветиле на продолжување на едновековната традиција. На крап во Пустец При посетата на општина Пустец, во соседна Албанија на новоизградниот плоштад ќе ве пречека црквата Св. Арангел Михаил која е обновена во 2000 година со помош од македонската држава. Храмот некогаш служел и како дом на културата но повторно е вратен на првичната намена. Преостанува уште да се фрескоживописа внатрешноста на црквата, за што се потребни финансии, вели Ефтим Митревски портпарол на општина Пустец. На просторот на плоштадот во општината веќе 14 години на крајот од август се организира и Преспанското културно лето со учество главно на актери од Северна Македонија. [caption id="attachment_1598123" align="alignnone" width="750"] Пустец[/caption] Село Пустец е административен центар на општина Пустец. која припаѓа во околијата на Корча. Брои околу 5500 жители главно Македонци. Покрај од земјоделство и сточарство, приходи остварува и од туризмот. Во моментов главен проблем за општината е повлекувањето на езерото, а се жалат и на ефектите на Ковид-пандемијата. Пред пандемијата имале и до 106 000 посетители годишно, но лани бројката опаднала на 75 000  туристи странски и домашни. Оваа година посетеноста, вели, Митревски, повторно расте. [caption id="attachment_1598135" align="aligncenter" width="560"]Пустец Пустец[/caption] Од големо значење за регионот ќе биде и изградбата на водоводот, што треба да заврши за 18 месеци, до јуни 2022 година. Станува збор за инвестиција од четири милиони евра, најголема во изминатите 50 години во општината со која сите села во Преспа ќе се снабдат со вода за пиење. Во моментов имаат стари водоводи кои не можат да одговорат на зголемените потреби. Со изградбата на водоводот трајно ќе се реши проблемот со водоснабдување во Преспа, а се очекува и двојно да се зголеми посетеноста на регионот. Во делот на туризмот посетители имаат во текот на целата година, а познати се по крапот кој се подготвува на традиционален преспански начин. Во моментот функционираат 4-5 ресторани дел од  нив со сметувачки капацитет. Со програмата за развој на туризмот им се дава можност за изградба на мали семејни хотели, кои ќе нудат сместување и традиционално приготвена храна, но и планински тури низ националниот парк Преспа, кој се протега на територија на трите држави. Инаку, Општина Пустец во времето на социјализмот била прочуена по производство на грав. Со денешен речник кажано тоа било вистинско органско производство бидејќи земјата се обработувало со плугови влечени од волови. Овој начин на обработка е задржан и денес, но со магариња бидејќи тоа го наметнува квалитетот на земјата, така се остваруваат поголеми приноси. Ова гравче на времето кога била централизирана економијата во задруга било резервирано за  членовите на Политбирото. Денес гравот се одгледува, но во помали количини. Од домашно пиво до микро пивара  Во Битола наскоро во локалните ресторани и кефеани посетителите ќе може да уживаат во пивото подготвено од пиварата Бакревски, прва микро пивара во градот. [caption id="attachment_1598132" align="aligncenter" width="750"] Пивара Бакревски[/caption] Двајцата браќа Марјан и Горан, едниот музичар школуван на Моцартум во Салцбург, Австрија, другиот стоматолог, љубовта кон пивото ги навела да почнат со домашно производство за лично задоволство, кое имале можност да го пробаат и нивните пријатели. Наскоро веста се раширила па домашно подготвеното пиво станало локално барано. Ентузијастички решиле да го зголемат производството и веќе од јануари годинава се посветени на производствните капацитети и на административните обврски. Иако процедурите за издавање дозволи за отпочнување со бизнисот се долги, велат ентузијазмот не ги напушта. Пиварата може да произведува до пет тони пиво месечно. Ќе произведуваат ИПА пиво, темно и светло пченично, а ќе се продаваат под етиката „Бак“. - Сите суровини ги набавуваме од увоз. Јачменот е од Белгија, хмељот од Словенија и Германија. Специфика на нашето пиво е аромата, а присуството на алкохолот е од 5,2 до 5,6 проценти, вели Горан. Ете уште една причина повеќе и предизвик за пивољупците да ја посетат Битола. Продолжува Виолета Геров Фото: Јованка Јанкоска

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан