• вторник, 24 декември 2024

МААЕ: Прекинат преносот на податоци од нуклеарната централа Запорожје

МААЕ: Прекинат преносот на податоци од нуклеарната централа Запорожје
Виена, 10 март 2022 (МИА) –Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека изгубила контакт со своите далечински системи што го надгледуваат нуклеарниот материјал во нуклеарната централа Запорожје во Украина. Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, е во рацете на Русија од минатата недела, кога избувна пожар во зграда на тоа место по судирите меѓу руските и украинските сили. Соопштението на Меѓународната агенција за атомска енергија дојде еден ден откако соопшти дека истото се случило во постројките за радиоактивен отпад во Чернобил, во близина на нефункционалната електрана, каде се случи најголемата нуклеарна катастрофа во светот во 1986 година. ссм/

Остани поврзан