• недела, 22 декември 2024

МААЕ повикува на максимална воздржаност во нуклеарните постројки на Украина

МААЕ повикува на максимална воздржаност во нуклеарните постројки на Украина
Виена, 24 февруари 2022 (МИА) – Меѓународна агенција за атомска енергија со седиште во Виена соопшти дека Украина ја информирала дека „неидентификувани вооружени сили“ ја презеле контролата врз затворената нуклеарна централа Чернобил, со дополнителни информации „дека на таа индустриска локација немало жртви или уништување“. Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси повика на „максимална воздржаност“ со цел да се избегнат дејствија кои би можеле да ги загрозат украинските нуклеарни постројки. - Во согласност со својот мандат, МААЕ внимателно го следи развојот на настаните во Украина со посебен фокус на безбедноста и безбедноста на нуклеарните електрани и другите објекти поврзани со нуклеарната индустрија, се вели во соопштението. јт/

Остани поврзан