• петок, 22 ноември 2024

МААЕ одобри резолуција со која се бара итно враќање на нуклеарната централа Запорожје под украинска контрола

МААЕ одобри резолуција со која се бара итно враќање на нуклеарната централа Запорожје под украинска контрола

Виена, 29 септември 2023 (МИА) - Шеесет и седмата генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) одобри резолуција со која се бара итно враќање на АЕЦ Запорожје под контрола на Украина, соопшти украинското Министерство за енергетика, објавија украинските медиуми.

Според Министерството, на 67. Генерална конференција на МААЕ, 69 земји ја поддржаа резолуцијата за нуклеарна безбедност во Украина. Резолуцијата беше предложена од Канада, Финска и Костарика.

-Како дел од резолуцијата, таа ја повикува Москва „веднаш да го повлече целиот воен и друг неовластен персонал“ од штабот и да го предаде објектот под целосна контрола на надлежните украински органи во согласност со постојната лиценца издадена од Државниот нуклеарен регулаторен инспекторат на Украина, додаваат од Министерството.

Покрај тоа, МААЕ е загрижена што Руската Федерација не ги послушала претходните повици на управниот одбор на организацијата веднаш да ги прекине сите дејства против и на нуклеарните локации во Украина и да го повлече својот воен и другиот персонал од нуклеарната централа Запорожје.

Документот ја нагласува важноста на нуклеарната и физичката безбедност при мирно користење на нуклеарни постројки и материјали под сите околности, вклучително и за време на вооружени конфликти. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан