МААЕ: Иран ги зголемил резервите на ураниум пред нападот на Израел
- Иранските резерви на ураниум збогатени до 60 проценти, ниво блиску до потребното за производство на нуклеарна бомба, се зголемиле малку пред Израел да ги нападне нуклеарните постројки на Исламската Република на 13 јуни, се наведува во доверлив извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) цитиран од американските медиуми
Виена, 3 септември 2025 (МИА) – Иранските резерви на ураниум збогатени до 60 проценти, ниво блиску до потребното за производство на нуклеарна бомба, се зголемиле малку пред Израел да ги нападне нуклеарните постројки на Исламската Република на 13 јуни, се наведува во доверлив извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) цитиран од американските медиуми.
Во извештајот на МААЕ се наведува дека на 13 јуни иранските резерви на ураниум збогатени до 60 проценти во форма на ураниум хексафлуорид, кој може дополнително да се збогати во центрифуги, изнесувале 440,9 килограми.
Според МААЕ, тоа е доволно за да се направат 10 нуклеарни бомби, ако ураниумот дополнително се збогати. ми/
фото: МИА архива