• понеделник, 23 декември 2024

ЛШ: Шкупи против Лудогорец или Шамрок Роверс

ЛШ: Шкупи против Лудогорец или Шамрок Роверс
Нион, 18 јули 2022 (МИА) – Македонскиот фудбалски првак Шкупи, доколку во 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ) го мине Динамо Загреб, во следната рунда ќе игра против победникот од дуелот меѓу бугарски Лудогорец или ирски Шамрок Роверс, одлучи денешната жрепка во Нион. Во случај на пласман во 3. квалификациско коло, Шкупи ќе биде домаќин на првиот натпревар, на 2 или 3 август, додека реваншот е закажан за 9 идниот месец. Избраниците на тренерот Гоце Седлоски утревечер од 21 часот му гостуваат на загрепски Динамо, додека реваншот е на 26 јули во Скопје. ег/аа/

Остани поврзан