• четврток, 19 декември 2024

ЛШ: Ристовски верува во пласман во групната фаза со Динамо

ЛШ: Ристовски верува во пласман во групната фаза со Динамо
Бодо, 15 август 2022 (МИА) – Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и член на загрепски Динамо, Стефан Ристовски, вечерва изрази уверување дека хрватскиот првак ќе биде поуспешен во двете пресметки со норвешки Бодо/Глимт и ќе избори пласман во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ). Динамо, предводен од капитенот и репрезентативен колега на Ристовски, Аријан Адеми, утревечер му гостува на норвешкиот шампион во првиот натпревар од плејофот во елитното клупско натпреварување. - Пред нас е важен натпревар, сите знаеме колкав е влогот. Овој Динамо заслужува да влезе во групната фаза во ЛШ, изјави Ристовски на официјалната прес-конференција. Динамо, како што кажа, е клуб кој има високи цели. -Уверен сум дека во тоа ќе успееме имајќи го предвид нашиот квалитет, истакна десниот бек на Динамо и на македонската репрезентација. ег/вј/

Остани поврзан