• вторник, 05 ноември 2024

„Луј Витон“ го назначи пејачот Фарел за нов креативен директор

„Луј Витон“ го назначи пејачот Фарел за нов креативен директор

Лос Анџелес, 16 февруари 2023 (МИА) - Францускиот моден бренд „Луј Витон“ го назначи продуцентот и пејач Фарел Вилијамс за нов креативен директор, за својата линија машка облека.

- Тој е визионер чии креативни универзуми се протегаат од музика и уметност до мода, а исто така, е и коосновач на брендот „Билионер бојс клаб“ (Billionaire Boys Club)... Среќен сум што можам повторно да го пречекам Фарел, по нашите соработки во 2004 и 2008 година за „Луј Витон“, овојпат како наш нов креативен директор за мажи, рече претседателот и извршен директор на компанијата, Пјетро Бекари.

Оваа улога во „Луј Витон“ претходно ја имаше познатиот дизајнер Вирџил Аблох, кој почина 2021 година, а првата колекција на Вилијамс за овој светски бренд ќе биде прикажана на Модната недела во Париз во јуни оваа година. Поп-пејачот Фарел (49), покрај тоа што основаше свој бренд за облека, соработуваше и со „Адидас“, „Монклер“ и „Шанел“, а работеше и со дизајнерот Марк Џејкобс на дизајнот на очила за „Луј Витон“. си/рп/

Остани поврзан