• недела, 19 мај 2024

Лутон: Капитенот Локјер е контактибилен

Лутон: Капитенот Локјер е контактибилен

Лондон, 16 декември 2023 (МИА) – Премиерлигашот Лутон објави вечерва вонредно соопштение за здравствената состојба на капитенот Том Локјер, кој колабираше за време на дуелот против Борнмут, наведувајќи дека играчот е „контактибилен и пренесен во болница“.

Натпреварот меѓу Борнмут и Лутон во рамки на 17 премиерлигашко коло беше прекинат по еден час игра кога ненадејно на теренот колабираше 29-годишниот капитен на гостинскиот тим,

Лекарите веднаш втрчаа на теренот за да му помогнат, а кратко потоа Локјер беше изнесен од теренот. Дваесетина минути подоцна, лекарите од двете екипи потврдија дека Локјер е во свесна состојба и присебен.

„Сите наши надежи и молитви се со нашиот капитен Локјер, кој за среќа е свесен и пренесен во болница. Не ги знаеме точните детали за тоа што се случи и кои ќе бидат следните чекори, но му благодариме на Борнмут и на двете лекарски екипи за брзата и фантастична реакција“, соопшти Лутон.

Натпреварот беше прекинат при резултат 1-1, а двете екипи заедно донесоа одлука дека дуелот нема да се доигра оваа вечер. ег/сд

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан