Лутовска: За време на мојот мандат во Клиниката за Онкологија не сум добила никаква пријава за злоупотреба на положба од медицинска сестра
- За време на мојот мандат не сум добила ниту усна, ниту писмена пријава за злоупотреба на положба на некоја медицинска сестра давајќи физиолошки раствор, а достапна бев постојано, се прашувам зошто, рече некогашната главна медицинска сестра на клиниката за Онкологија, Маријана Лутовска пред членовите на Анкетната комисија за скандалот со Клиниката за радиотерапија и онкологија.
Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) – За време на мојот мандат не сум добила ниту усна, ниту писмена пријава за злоупотреба на положба на некоја медицинска сестра давајќи физиолошки раствор, а достапна бев постојано, се прашувам зошто, рече некогашната главна медицинска сестра на клиниката за Онкологија, Маријана Лутовска пред членовите на Анкетната комисија за скандалот со Клиниката за радиотерапија и онкологија.
На седницата која денеска се одржа и на која беа испрашувани и членови на надзорен одбор, поранешни директори, Луковска која во перидото од 2017 до 2022 година работела како главна сестра на Клиниката информира дека за наводите во јавноста за злоупотребата со лековите во Клиниката не била запознаена.
На прашање на пратеник дали и било сомнително тоа што во нејзиниот мандат не бил функционален стручниот колегиум кој требало да учествува во планот на набавка на лекови и доделување на терапии и тогашниот дирекотр Нино Васев сам одлучувал кој да добие терапија исклучувајќи ги сите протоколи, таа рече дека се оградува и нема да коменира нешто што не е во домен на нејзините надлежности
-Не е во моја надлежност како главна сестра да одлучувам дали треба да биде свикан или не стручен колегиум јас како главна медицинска сестра одржувам секој ден утрински состаноци јас одговарам за работата на мединските сестри, појасни таа.
Даниела Георгиевска моментална главна сестра на Клиниката рече дека кога ја преземала функцијата немало претенциозни индиции за некој да инсистирал да биде само ноќна смена повеќе било желба на одредена група на мединцинки сестри.
-Зоштосакале да работат само ноќна смена не сум запознаена кога дојдов истите тие сакаа да продолжат ноќна смена, но јас не дозволив исти личности да одат, како што било, но тоа се коси со правила на работа, посочи таа.
Од друга страна Адријана Филиповска која била раководител на оделот за таблетарна терапија и одговорна сеста на Като системот посочи дека таа биле разрешена од функциите без образложение.
-Като сиостемот никогаш не профункционира на нашата клиника, откао бев назначена по неколку месеци заминав на породилно и по моето враќање на први мај 2018 бев разрешена од функцијата одделенска сестра, директорот не даде образложение зошто ме разрешува од функциите оделенска сестра и одговорна сестра за Като системот кој не функционираше кога се вратив слушав секакви сведочења од сестрите дека било наредено од директорот и главната сестра системот да престане да работи бидјеќи имало проблем со вентилацијата и оттогаш не функционира, раскажа Филиповска.
Таа потсети дека системот не ги подготвува лековите, туку само ја одредува потребната доза.
-Ние работевме на ист начин како и сега спремањето на лековите беше исто со тоа што като системот не е робот и не ги спрема лековите, мдицинската сестра е таа што ги спрема лековите, ние работевме провизорно со лекарски изештај залепен со магнет и по него спремавме, информира таа.
Таа детално го појасни начинот на подготовка на лекот.
-Сестрата буквално во една положба и не може да ја сменим, таа има ограничени движења во спремањето на лекот, прво таа има поставено четири пара ракавици, каде манипулациите не и се дозволени и не може да ги извршува сама. Во тој процес ни беа потребни шест до осум сестри кои мораа да се сменат на два часа, оти ниту една сестра не може да издржи подолго во таа положба, посочи таа.
Анкетната комисија продолжува со сослушување на сведоци и/или експерти и разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија продолжува утре. свс/нд/
Фото: Принтскрин